УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ПРОДАЖБА

Сите цени се изразени во денари со вклучен ДДВ.

Во согласност со Законот за трговија allelectric.mk е должен да ги почитува обврските кои произлегуваат од овој закон, па според тоа:
Аllelectric.mk не врши испорака на производите што ги продава туки тие се подигаат од нашата продавница на Ул. МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ Бр.132 СКОПЈЕ
По комплетирањето на нарачката ќе добиете e-mail порака за потврда и детали од нарачката.

Плаќањето можете да го направите само преку банка со издавање на профактура.
Доколку производот Ви е испорачан оштетен и имате забелешки во поглед на квалитетот на производот Ве молиме да се обратите до производителот и доколку истиот дозволи производот ќе Ви биде вратен.

Доколку не по наша вина сакате да го вратите производот и да Ви се вратат парите, во тој случај од крајниот износ што сте го платиле ќе Ви биде одбиен трошокот за испорака што изнесува 120 денари со вклучен ДДВ, доколку пакетот е до тежина од 10кг и 240 денари со вклучен ДДВ, доколку е потежок од 10кг. Ако сакате да го вратите производот и да Ви се вратат парите, должни сте производот да го чувате неоштетен, неупотребуван, во оригиналното пакување заедно со приложените документи.

Без оглед на тоа од кои причини сакате да го замените или вратите производот, треба претходно да ни доставите писмена изјава во која ќе ја наведете Вашата причина на e-mail адресата: contact@allelectric.mk

Благодариме.